ЗА НАС

Профил на компанијата

ЏС АКТУЕЛ ДООЕЛ е основана во 1990 година во приватна сопственост на Г-дин Ѓоко Стерјоски, со седиште на Ул. 1632, Бр. 46 – 1000 Скопје.

Основна дејност на компанијата е увоз и дистрибуција на прехрамбени производи низ целата територија на Република Македонија. Сите производи се од познати марки (BRAND-name производи) и потекнуваат од реномирани европски и светски производители.

Основна цел на нашата компанија е пробивање на BRAND-овите на Македонскиот пазар и поставување на место кое тие го заслужуваат и на кое се наоѓаат во сите земји низ Европа и светот.

Во рамките на компанијата се вклучени неколку сектори и тоа :
Сектор за набавка и продажба – комерција;
Сектор за финансии;
Сектор за логистика;
Услужна служба

ВИСОКОКВАЛИТЕТНИ ПРОИЗВОДИ

Произведени со најмодерна технологија и според квалитетот се во самиот врв на македонскиот пазар.

СТАНДАРДИ НА СКЛАДИРАЊЕ

Складирањето се врши во модерен магацински простор кој ги исполнува препораките на АХВ.

сертифицирани за квалитет

Сите производи ги исполнуваат HACCP и ISO стандардите за квалитет и безбедност на храната.

100% свежи производи

Ладниот ланец обезбедува производите да стигнат до крајниот потрошувач без промена на квалитетот.

5000+ продажни локации

Дирекно или преку под-дистрибутери нашите производи се затапени на преку 5000 продажни локации.

Политика на фер однос

Со нашите купувачи градиме долгорочни односи базирани на взаемно разбирање.

Генерален застапник и ексклузивен дистрибутер

Нашата компанија е генерален застапник и ексклузивен дистрибутер за Република Македонија за сите производи од целиот асортиман од следниве производители:

  • RAISIO POLSKA FOODS
  • Земја на потекло : Полска (по лиценца на Шведска)
  • Brand : BORDS EVE, ADELA (маргарини)
  • Масла и маргарини

  • PFANNER
  • Земја на потекло : Австрија
  • Brand : PFANNER
  • Oвошни сокови , ледени чаеви и енергетски производи

  • GROUPE DOUX
  • Земја на потекло : Франција
  • Brand : DOUX, PRIM' CHANT
  • Смрзнато пилешко месо, панирани пилешки производи, мисирки

  • KEKEC
  • Земја на потекло : Словенија
  • Brand : Kekec
  • Паштети и месни нарезоци

  • Delisimo
  • Земја на потекло : ЕУ
  • Brand : Delisimo
  • Смрзнати пилешки производи

  • HINA
  • Земја на потекло : Македонија
  • Brand : Hina, Makfood
  • Конзервиран зеленчук и овошје и нивни преработки

СЕКТОР ЗА НАБАВКА И ПРОДАЖБА

Овој сектор е задолжен за комплетна организација на увозот на артиклите . Постојана комуникација со нашите добавувачи и координирање на целиот процес на увоз , што ги подразбира сите обврски околу царинење , шпедиција , анализа на квалитетот на производите итн.
Се грижи за дозволи за увоз , квоти и останати пропратни документи што се неопходни за увоз на робата.
Секторот за увоз во исто време директно соработува со секторот за продажба заради координација на оптималните залихи на артикли и навремено организирање на транспорт и увоз на истите.

Секторот за продажба го организира целиот процес на продажба на производите од моментот на излез од магацин па се до крајниот потрошувач.
Секторот е организиран по европски модел на комерција што подразбира прецизно дефинирани работни задачи и обврски и претставува јадрото на фирмата . Во својот состав има исклучиво стручни кадри , обучени по светски тренинг програми и методи за продажба.
Истиот е во постојана координација со останатите сектори.
Под своја надлежност ги организира следниве активности:

  • Комункација со деловни партнери и нивна посета.
  • Изготвување на нарачки по продажни локации на целата територија на Република Македонија.
  • Директна продажба во преку 1000 продажни локации и индиректна преку нашите субдистрибутери на повеке од 5000 продажни локации.
  • Следење на продажбата на нашите производи што подразвира: динамика на продажба , рок на траење на артиклите и сл.
  • Анализа на пазарот и следење на конкуренција на артикли од иста категорија на нашите производи.
  • Развивање и унапредување на продажбата.
  • Организирање на промоции , акциски продажби , дегустации и други маркетинг активности.
  • Изготвување на извештаи и анализи за целокупното работење на неделно , месечно и годишно ниво.

СЕКТОР ЗА ЛОГИСТИКА

Секторот е надлежен за складирање на робата и чување под строго дефинирани услови и стандарди пропишани со законот. Покрај другото овој сектор е задолжен и за комуникација со купувачите и потрошувачите и решавање на сите евентуални технички проблеми во работењето.

Под свој ресор ги има сите надлежности поврзани со финансии како што се:

  • Отворени ставки по коминтенти
  • Финансиски одобренија и задолженија
  • Измирување на обврски према добавувачите
  • Сите финансиски трансакции
  • Акредитиви , дознаки и сл.

Симнете го нашиот каталог со целосниот асортиман на артикли!

Во врска со нашиот асортиман и информации поврзани за артиклите,
Ве молиме обратете се на тел.: 02 3175 049

Каталог